Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на Албанија.

Според Министертвото за одбрана,потресот е почувствцуван во 17:23 часот, со епицентар кај заливот Лазри,кај Драч на длабочина од шест километри.

Министертвото информираше дека освен вознемиреност кај жителите Тирана и Драч, земјотресот не предизвикал материјална штета.

Потресот е почусвтвуван и во западниот дел на Македонија.

Неколку последователни земјотреси во Албанија се регистриран и синоќа, но посилен бил во 23:52 часот кај Туман, во близина на Драч, со јачина од 3,7 степени. Останатите шест биле со јачина од 1,6 до 2,6 степени според Рихтер.

Силен земјотрес од 6,4 степени со епицентар во Драч,беше регисриран на 26 ноември минатата година,во кој загинаа 51 лице а предизвикана беше огромна материјална штета која се проценува на над 1,2 милијарди евра.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе