Медиумите од БиХ, Хрватска и Црна Гора јавуваат дека особено силно е почувствуван во Херцеговина, како и долж јадранскиот брег, посилно во Далмација и на црногорската ривиера. Се јавува дека земјотресот ги вознемирил луѓето од речиси цела поранешна Југославија. Вознемиреност имало и во Сараево, Белград, Загреб, Подгорица, a жители дури и на Љубљана од повисоките катови на зградите велат дека почувствувале земјотрес.
Во Скопје и делови од Македонија земјотресот е почуствуван со сила од 3 степени.
Според првичните фотографии по медиумите и социјалните мрежи, има материјална штета во Мостар и околните места. Засега нема информации дали има повредени лица.
Хрватската сеизмолошка служба вели дека епицентарот бил во Невесиње со сила од 6,1 по Рихтер.
Фотографијата е од Мостар, на улицата „Маршал Тито“, каде се урнал оџак од театарот.