Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер почувствуван близу Битола

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, регистрира земјотрес во 14 часот и 1 минута со Рихтерова магнитуда 3,8 чиј епицентар се наоѓа на 125km јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје соопштија дека земјотресот најсилно е почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала додека во останатиот југозападен дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензиет од III-IV степени според истата скала.

Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе