Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје соопштија дека земјотресот најсилно е почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала додека во останатиот југозападен дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензиет од III-IV степени според истата скала.
Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети.