На 15 киломтери од Подградец

Земјотрес од 3,6 по Рихтер во албанскиот дел од Охридското Езеро

Земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер ги вознемири во 2,41 часот по полноќ жителите на брегот и во близината на Охридското Езеро. Епицентарот бил на 15 километри јужно од Подградец во Албанија.

 

Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрира Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3,6 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

На специјализираните сајтови за следење на земјотресите во светот е запишано дека земјотресот имал епицентар на 15 киломтери јужно од Подградец во Албанија, на 56 киломтерти од Елбасан, бил на длабочина од 14 километри.

Пред и по овој потрес, имало уште неколку земјотреси со јачина од 2,1 до 2,6 степени според Рихтеровата скала.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе