Земјоделците да поднесат пријави за проценка на штетите од невремето

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски попладнево направи увид во поплавените земјоделски површини и оствари средба со земјоделците од кочанскиот регион кои претпреа најголеми штети од обилните врнежи.

На средбата беше појаснето дека земјоделските производители треба што поскоро да се поднесат пријави за проценка на штетите, со што ќе се овозможи полесно да се согледаат последиците од поплавите и да се сумира вкупната штета, особено кај градинарските култури.

„Најголема штета од поплавите претпрпе индустриската пиперка која беше пред берба, поради што им укажавме на земјоделците да поднесат пријава до општинската комисија за проценка на штетите. Во истата апликација можат да наведат и евентуална штета во стопанските дворови, односно на складираните земјоделски производи и сточната храна во амбарите и складовите, па дури и на самите објекти. Сето тоа ќе влезе во еден елаборат за да се види целокупната штета, при што укажавме да не се направат одредени грешки, односно сите слабости што ги имаме увидено како претходно искуство да не се повторуваат и работите да течат во правилна насока. Со изработката на таков елаборат, ќе се избегне можноста владината комисија, која е под ингеренции на Министерството за финансии, да ги враќа на дополнување или повторно разгледување доставените пријави од земјоделците. Така целата постапка поефикасно ќе се заврши, а и земјоделците побрзо ќе ја добијат очекуваната помош како обесштетување за претпрената штета“, истакна министерот Димковски.

На средбата со жителите од селото Долни Подлог беше нагласено дека најверојатно ќе бидат потребни уште триесетина дена за да се исплатат дополнителните субвенции од три денари за предаден килограм пипер и други индустриски култури, за што Владата треба да донесе ребаланс со кој парите ќе им бидат префрлени на земјоделците.

Министерот Димковски истакна дека не очекува пролонгирање на тој рок, со оглед што Собранието е веќе формирано, а наскоро треба да се формира и новата влада.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе