Заврши маршот посветен на загинатите во сообраќајката кај Ласакрци

Учесниците на маршот и граѓаните кои им се придружија на последната етапа, пристигнаа попладнево на плоштадот во Гостивар. Меморијалниот марш започна утрово и заврши по речиси 12 часа.

Организаторите со маршот долг 55 километри сакаат да упатат апел до државните институции за поголема одговорност во спроведувањето на законите во сообраќајот и за подигање на свеста за поголема безбедност.

Иницијатива за маршот потекна од група планинари од Гостивар.

„Сакам да искажам благодарност до сите учесници и особено сме благодарни сме на општината, полицијата, Дражавни патишта на пружената поддршка и помош за да се реализира целиот овој настан“, рече Замир Мустафаи еден од организаторите на маршот.

Стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од скопското село Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.

На 13 февруари 2019 година, во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар. 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе