Рахиќ смирува дека се почитуваат протоколите за заштита

Затворскиот чувар заболен со ковид-19 со симптоми добил препорака од матичен лекар дека може да оди на работа

Заболениот затворски чувар од Истражниот затвор во Шутка за кој вчера објавивме дека е утврдено дека е позитивен на ковид-19 добил препорака од матичен лекар дека е добар и дека може да оди на работа. Информацијата за МКД.мк ни ја потврди директорот на затворот Есад Рахиќ. Тој во телефонски разговор вели дека нема простор за паника и дека вработените во затворот носат заштитна опрема. Вработениот иако бил со симптоми добил препорака од матичен лекар дека може да оди на работа. 

Заразениот затворски чувар имал симптоми и доаѓал на работа, но откако бил прегледан од матичен лекар му било укажано дека може да оди на работа и дека се е во ред со него.

Во Истражниот затвор во Шутка се прегледуваат и безбедносните камери за да се утврди движењето и контактите со вработените и со притворените лица, но директорот Рахиќ смирува со образложени дека во затворот се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 и се носи заштитна опрема. 

„Точно е дека има затворски чувар кај кој откако е направен текст утврдено е дека е позитивен на ковид-19. Тој имал симтоми и бил на преглед кај матичниот лекар, но таму по прегледот му било кажано дека не му е ништо, дека е во добра здравствена состојба и дека може да оди на работа. На работа сите носат маски и се запазени сите протоколи. Оние вработени кои биле во контакт со овој затворски чувар се изолирани и се чекаат препораките на епидемиолозите за да се утврди кај кои од нив ќе треба да се направи тестирање. Сметам дека нема простор за паника, но одговорност за ваквото неодговорно однесување на вработениот ќе има“, вели директорот Рахиќ. 

За матичниот лекар кој дал препорака дека заразениот со ковид-19 може да оди на работа, Рахиќ го повика Министерството за здравство и министерот Венко Филипче да го испитаат случајот и да утврдат евентуална одговорност кај лекарот. 

Од Управата за извршување на санкции која е одговорна за сите затвори за денес ни највија повеќе информации во врска со овј случај. 

Во затворите во државава до сега ковид-19 е утврден само кај вработени лица, односно претходно беше утврден заразен во затворот во Охрид кој не одел на работа, но правел мекици, па сега од таму се појавуваат случаи на заразени лица. 

Во Истражниот затвор во Шутка претходно почина притвореник, еден ден откако бил примен во затворот. Тестот кој му беше направен постмортем и беше утврдено дека имал ковид-19.

Сите кои беа тестирани, а кои беа поврзани со овој случај беа негативни. 

Друг случај на позитивен на ковид-10 кај притвореник или осуденик во затворите во државава до сега нема. 

К.Д.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе