„Во најголем дел од центрите кои прифаќаат ковид пациенти, имаме припадници на Армијата согласно планот што го прави Армијата заедно со Министерството за внатрешни работи. Дополнително во понеделник, 12 специјалисти и 20 медицински сестри ќе се вклучат во болниците во Скопје како подрршка на цивилно-здравствениот персонал", соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.
Во однос на тоа дека има поплаки оти припадниците на Армијата не придонесуваат за воспоставување на ред во болниците и чекаат насоки од обезбедувањето на болниците, Шекеринска со став дека Армијата постапува исклучиво по инструкциите кои произлегуваат од оперативните планови.