Запален влезот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, МНР го осуди чинот

Македонското Министерство за надворешни работи најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.

Фото: ЕПА

Центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово објави дека се опожарени нивните простории и дека очекуваат од институциите во најбрз можен рок целосно да го расветлат случајот.

Изгорени се влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола. Внатре не е нанесена штета. Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на Културниот центар „Иван Михајлов“, вели дека пожарот е подметнат рано утрово во пет часот и дека соседите повикале пожарна и бил изгаснат, па не се проширил врз други делови од објектот.

Полицијата утрово изврши увид, но засега нема официјална информација за причините. СДК неофицијално дознава дека има снимка на која се гледа потпалувачот.

Министерството за надворешни работи најостро го осуди, како што соопштија, актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.

„Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери што се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“, се вели во реакцијата. 

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.“

Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.

Клубот именуван по контроверзниот соработник на фашистите Ванчо Михајлов, беше отворен во поранешното Еврејско маало во Битола на 16 април во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателка Илиана Јотова и други претставници од бугарскиот државен врв.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе