Време

Замрзнува Мавровското Езеро, најстудено во Берово минус 11

Во Берово утрово беше најстудено, -11 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран. Ако потраат ниските утрински температури можно е деновите Мавровското Езеро целосно да змарзне.

Според УХМР, -8 е во Скопје Петровец, Штип и Кривас Паланка, -7 во Тетово, Битола, Струмица, Дебар, Демир Капија и Маврови Анови, -6 во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Охрид, -5 во Претор и Куманово, -4 во Лазарополе, -3 во Гевгелија и нула степени се измерени во Крушево.

Висината на снежната покривка до 7 часот е 12 сантиметри во Маврови Анови, четири на Попова Шапка и два сантиметра во Крушево.

Времето утрово е ведро и студено. Во Дебарско има појава на магла.

Во текот на денот ќе биде сончево, попладне со умерена до значителна облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево, попладне со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени. 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе