12 години истражување

Заловен уште еден рис на Бистра, вистински ѕвер од 27 килограми (ФОТО)

Вработени во Националниот парк Маврово, во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), успеаја да заловат уште еден рис близу селото Сенце.

 

За рисот Б8 има податоци уште од 2013 година. Овојпат рисот влезе во една од стапиците поставени близу селото. Овој крупен мажјак (27 килограми) е постојан жител на паркот и е сликан од фотозамките на вкупно 12 различни локации.

Податоците од радиотелеметријата ќе придонесат за подобро да се разберат потребите на рисот за исхрана и живеалиште, а и за дијаметарот на неговото движење.

Тимот на Националниот парк и на волонтерите и вработените во МЕД им беше потребно малку повеќе од еден час да ја завршат целата процедура.

Треба да се истакне дека рисот Б8 засега го држи рекордот за најголем балкански рис што бил фатен за научно истражување. Со 27 килограми тој е вистински ѕвер, велат од МЕД.

Веќе се добиени и првите релокациски точки за неговото движење. Во наредните два месеци научниците ќе можат да го следат неговото движење и ќе имаат многу повеќе податоци за исхраната и животните потреби на рисот.

МЕД повикува и на овој рис да му се даде име. Предлозите се - Бистри, Филип, Јован, Мујо, Сенко, Вир.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе