Загина Македонец на Малта, Почесниот конзулат на Малта во Македонија помага во враќањето на телото во татковината

Младиот Мартин Костов загина во сообраќајна несреќа во Слиема, на Малта. По апелите за помош на семејството, Почесниот конзулат на Малта во Mакедонија стапи во контакт со роднините на загинатиот и им беше ветено дека конузлатот ќе обезбеди сѐ што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината.

Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, дава целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во меѓународни рамки за вакви трагични случаи.

Почесниот конзул, проф. д-р Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството изрази длабоко сочуство за ненадоместливата загуба  и најави дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе даде и финансиска помош за семејството, соопшти Конзулатот.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе