Авионска несреќа

Загина цело семејство од Бугарија при падот на мал авион кај Солунска Глава

Татко, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион „цесна“ некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија. Авионот, со германски регистрации (D-EUIB), полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица. Се очекуваат повеќе информации за овој случај.

Поради лоши временски услови, авионот се обидел да слета на скопскиот аеродром, но потоа пак се упатил кон Софија.   

„Во 16.16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип цесна П210Н, кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија“, рече Николче Тасески, директор и претседател на УП на М-НАВ. Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар, пилотот пријавил дека има силни турбуленции.

Потрагата со два полициски хеликоптери е во тек.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе