Во контекст на енергетската криза

Загадувањето со јаглен е смртоносно, Еко - свест ја потсетува Владата

Во контекст на енергетската криза со гасот и електричната енергија и најавите за поголемо користење на јагленот во индустријата како енергенс, граѓанската организација Еко - свест потсетува дека според меѓународните анализи и Македонија во рамки на Западен Балкан, а особено РЕК-Битола, но и РЕК Осломеј, се големи загадувачи на воздухот во Европа и дека загадувањето е смртоносно. Работењето на ТЕЦ Неготино на мазут е исто така штетно за здравјето и за околината, нагласуваат од Еко - свест. 

И најновиот извештај на Банквоч нетворк (CEE Bankwatch Network) покажува дека електраните што користат јаглен сѐ уште загадуваат со огромни количини прашина и сулфур диоксид. Истовремено, нема никакви најави за инвестиции во контрола на загадувањето, но има најави за отворање нови рудници за јаглен и продолжување на нелегалното и штетното работење и во следните години, велат од организацијата Еко - свест.

Од организацијата потсетуваат дека Банквоч нетворк четврта година по ред објавува извештај и анализа за емисиите на загадувачки супстанции од термоелектраните од Западен Балкан што користат јаглен. Како и во претходните едиции и оваа година македонските електрани, а пред се РЕК Битола, се меѓу најголемите загадувачи во регионот, но и во Европа.

„Новите обрзувачки стандарди од Енергетската заедница за контрола на емисиите влегоа во сила во јануари 2018 година, а националната обврска за еколошка дозвола постои цели десет години предходно. Но и покрај долгиот поминат период, РЕК Битола и РЕК Осломеј се уште работат нелегално и без никакви инвестиции во контрола на загадувањето“, се нагласува од организацијата и се додава:

„Иако поради недостатокот на гориво и дефектите, вкупните работни часови на електраните беа намалени во 2021 година, емисиите на загадувачи останаа високо над дозволените граници. Вкупните емисии на сулфур диоксид од Осломеј и Битола беа скоро 83.000 тони што е повеќе од пет пати над дозволеното. Емисиите на прашина (ПМ честички) беа околу 3.000 тони што е скоро двојно над дозволеното.

Ваквата ситуација се повторува со години, a под изговор на енергетската криза се прават планови за продолжување на работата на електраните наместо нивно затворање, па дури и отворање на нови рудници за јаглен и реактивирање на ТЕЦ Неготино каде се користи високо-загадувачки мазут како гориво“.

Еко - свест потенцира дека проблемот со нерешавањето на загадувањето од електраните не може да се игнорира, особено во ситуација кога се планира да се продолжи нивното работење.

„Пораката од извештајот е многу јасна - тие мора или да се затворат или да се усогласат со европските стандарди. Во спротивно нивната работа чини премногу животи и предизвикува преголема штета", изјави Давор Пехчевски од CEE Bankwatch Network, ко-автор на извештајот.

„Решението на енергетската криза не е отворање нови рудници за јаглен како што тоа се планира за РЕК Битола. Мора да се подготви и итно да се спроведе 'план Б' што ќе ги намали загубите во мрeжата, ќе ги отвори пазарите за трговија со енергија и значително ќе ги зголеми капацитетите од обновлива енергија. Секако, при ова мора да се примени принципот на праведна транзиција што ќе обезбеди рамномерен развој на економијата", дополни Кристина Димитрова од Еко-свест.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе