Заев се сретна со претставници на неколку национални институти

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставници на неколку национални институти во земјава ја истакнал поддршката на Владата за унапредување на научно-истражувачката дејност како императив за афирмација на културните и национални вредности на државата, соопшти владината прес-служба.

„На средбата со раководителите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, сите од Скопје, како и Институтот за старословенска култура од Прилеп се разговарало за унапредување на условите за остварување и напредок на научно-истражувачката работа.

Премиерот Заев и претставниците на националните институции ја потенцирале важноста на поддршката на институциите во сите витални сегменти, како што се подобрување на условите за научната работа и проектите, зголемување на високообразовниот кадар, како и нивна соработка, преку заедничка партиципација во реализација на значајни домашни и меѓународни проекти“, се наведува во соопштението.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе