Заев: Се грижиме и ќе се грижиме за сите граѓани, вклучувајќи ги и Горанците кои живеат во Косово

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на Македонската горанска заедница на Косово, претседателот Авнија Рахте и секретарот и координатор Аце Димовски.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот се поздравени интегративните политики на премиерот Заев и реализацијата на концептот „Едно општество за сите".

„Констатирано е дека политиките на пријателство и дијалог на премиерот Заев се пример и силен поттик за соработка и почитување како меѓу граѓаните во државите од регионот, така и за добрососедските односи. Во таа насока е пренесено дека резултатите од политиките на пријателство и грижа се гледаат и граѓаните Горанци тоа го ценат“, се додава во соопштението.

На состанокот е разговарано за помош и поддршка на некои проекти важни за Горанците во Косово, од страна на Владата во нашата држава, согласно законските можности.

„Соопштено е дека Македонската горанска заедница на Косово како невладина организација е регистрирана во октомври во 2007 година, со што е овозможена институционална соработка на Македонската горанска заедница којашто е традиционално присутна во Косово со тамошните власти“, информира владината Прес-служба.

Соработката, како што се посочува во соопштението, се однесува на прашања од економски и социјален карактер, односно подобрување на животните услови на Македонската горанска заедница на Косово, како и за заштита, грижа и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски континуитет и статус.

„Бидете уверени дека се грижиме и ќе се грижиме за сите граѓани, вклучувајќи ги и Горанците кои живеат и работат во Косово, кои се мирољубиви луѓе и со својата конструктивност придонесуваат во мирот и во развојот во пошироки рамки“, рече премиерот Заев на средбата.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе