Заев најави зголемување на пензиите

Растот на економијата во првиот квартал од годинава достигна 4,1 отсто. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во орбраќање пред пензинерите на Републичка ревија на песни музика и игри 2019 година.

„Кога економијата расте над четири отсто и го достигнува потенцијалот тогаш и пензиите растат и тоа е фер. Денеска на прес-конференција ќе соопштиме дека БДП за првиот квартал од оваа година е 4,1 отсто, што значи дека ќе има динамично растење на пензиите и ако продолжиме со овој тренд тоа значи дека покрај редовното усогласување со трошоците на живот ќе имаме димензионирано сериозно растење на пензиите затоа што вкупната вработливост лани, односно од првиот квартал 2018 до 2019 година се вработени нови 40 илјади луѓе“. Фондот за пензиско во приходите расте со 8 отсто, а тоа значи покачување на вашите пензии, рече премиерот Заев.

Пензионерите, според премиерот, се нашите најзаслужни граѓани бидејќи активно учествувале во изградбата на државата. Потсети дека Владата и Министерството за труд и социјална политика ги исправиле, како што кажа, неправдите и сега два пати годишно има усогласување на пензиите со трошоците на живот.

„Ова законско усоглаување од една страна ги усогласува пензиите со трошоците на живот, од друга страна го штити Фондот за пензинско и инвалидско осигурување за да можат и идните генерации пензионери да очекуваат стабилни и навремени исплати на пензиите. Растот на пензиите сега е поставен на реални основи и се врзува на економскиот раст“, рече премиерот.

Заев кажа дека Владата продолжува да работи на создавање на поквалитетно општество.

Пензионерите покажуваат дека сте вистински чувари на нашата традиција, на нашето културно богатство, на песните и ората и на народните обичаи. Ревијата се одржува под покровителство на Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова истакна дека на Ревијата учествуваат 25 здруженија од вкупно 53 здруженија членки на Сојузот, а и претходеа осум регионални ревии.

Државниот завод за статистика објави дека растот на БДП во првиот квартал годинава е 4,1 отсто. Според податоците во првото тримесечје годинава, најголем пораст е забележан во земјоделството, шумарство и рибарство од 13,6 отсто, градежништво од седум отсто и трговијата на големо и трговијата на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,6 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2019 година номинално растеле за 3,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63,5 отсто.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе