МВР

Забранет влез во Грција преку „Евзони“ од 22 до 6 часот наутро

Министерството за внатрешни работи известува дека граничниот премин „Евзони“ од денеска нема да може да се мине од 22.00 до 06.00 часот по македонско време.

„Од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека  за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, додека за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила“, стои во соопштението од МВР.

Оттаму велат дека мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота).

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе