АМСМ

Забрана за сообраќај на камиони на патниот правец Маврово-Дебар

Авто мото сојузот на Македонија утринава соопшти дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Стража – Кичево, а од четири часот сообраќајот се одвива нормално и на регионалниот пат Велес-Прилеп по преминот Плетвар.

Единствено поради снежни врнежи останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар.

На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе