Нема промени во условите

За влез во Грција по старо - ПЛФ формулар и потврда за вакцинација или негативен ПЦР-тест

Предусловите и правилата за влез во Грција, односно задолжителен документ за ковид-19, како и пополнет ПЛФ формулар, кои меѓу другото, важат и за државјаните на Македонија, продолжени се за уште една седмица, до следниот петок 24 септември, јави дописничката на МИА од Атина.

Промени нема ни во однос на мерката за лицата кои патуваат со негативен тест, за нив и понатаму е задолжително тестирање при влезот во Грција, а за патување од Македонија отворени се сите гранични премини.

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“  што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила, сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“, исто како и во изминатите четири месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со ковид-19.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе