За викендот преку преминот „Блато“ на македонско-албанската граница минале околу 2.600 патници

За време на викендот преку граничниот премин „Блато" на македонско-албанската граница кај Дебар, минале околу 2.600 патници, што претставува рекордна бројка во изминатиот период од годинава.

„За време на викеднот преку преминот „Блато" влез-излез оствариле 2.591 патник со 985 возила. Што се однесува на фрекфенцијата во овој месец, бројката на патници кои од први до 23 август минале преку преминот е 33.304 патници и 15.223 возила“, изјави за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според статистиката од изминатите години, овој август регистрирана е помала фрекфенција, пред се поради пандемијата со Ковид-19.

Во изминатите години во обични денови границата ја минуваа по над 2.500 патници, додека во викенд и околу четири илјади.

Македонските државјани во Албанија патуваат најчесто за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улцињ.

Поради близината дебрани пак одат во соседните Пешкопеа и Маќелари заради пазарање, како што во најголем дел тоа го прават жителите од албанските погранични населени места, кои најбројни се во саботите кога во Дебар е пазарен ден.

Со изградбата на автопатот „Руга е Арбрит" (Патот на Арбр) се очекува фрекфенцијата на преминот „Блато" да се зголеми за неколупати, бидејќи оддалеченоста од Дебар до Тирана наместо сегашните 180 ќе биде 72 километри. 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе