За викендот можни грмотевици, да не се стои на отворен простор и под осамени дрвја

Утре и задутре можен е пороен дожд проследен со грмотевици, прогнозираат од УХМР. Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат на поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

„Утре на повеќе места, а во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат во интервал до 12, а максималните ќе достигнат до 29 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање со пораст на температурата“, велат од УХМР.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе