Ниска свесност кај граѓаните за заштита од ковид-19

За три месеци изречени се 36.626 казни за неносење на маски во државава

За само три месеци, односно од почетокот на мај, до денес, МВР на територија на државава во услови на пандемија со ковид-19 регистрирало 36.626 непочитувања на наредбата за носење на заштитна опрема. И покрај постојаните препораки, апели и задолжувања за носење на маски, граѓаните според статистиката на МВР не го почитуваат тоа, а полицијата секојдневно е со полни раце работа за пишување на казни. Бројките, а и сликата од терен покажуваат дека ниска е свесноста кај граѓаните за заштита од ковид-19. 

Од воведувањето на оваа мерка согласно Уредбата на Владата од 22.04.2020 година која што во репресивниот дел стапи на сила на 01.05 годинава заклучно со 07.00 часот на 04.08.2020 година на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 36.626 прекршоци и исто толку сторители. Издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19", велат од МВР за МКД.мк.

Од таму додаваат дека согласно Уредбата, член 4, надлежни за надзор врз спроведување на мерките од истата се МВР, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, сите во доменот на своите законски надлежности.

Согласно одредбите од процесниот Закон за прекршоци (С. Весник бр. 99/12) странките имаат право на жалба при што во прв степен одлучува Одделот за прекршоци при МВР, додека во втор степен Владина второстепена комисија за прекршоци.

Согласно одредбите од овој закон граѓанинот доколку во рок од осум дена се одлучи да го плати прекршочниот платен налог, тогаш ја уплаќа половината од казнената сума (во случајот половина од пропишаните 20 евра), а процесниот дел важи доколку казната не е платена во законски пропишаниот рок, кога за истата одлучува Одделот за прекршоци.

К.Д.

 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе