Државeн пазарен инспекторат

За седум дена затворени 6 угостителски објекти

Инспекторатите спровеле 5.228 контроли и надзори во периодот од 8 до 14 месецов во цела држава,

„Државниот пазарен инспекторат,  спроведе 3.437 контроли и 812 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и материјалните закони во надлежност на овој инспекторат.  ДПИ изрече 32 прекршочни пријави, 98 платни налози и 107 решенија. Од овие 107 решенија, шест решенија се поради прекршување на здравствените протоколи, односно едно е поради непочитување на дозволено растојание и пет поради непочитување на работното време. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози“, информираа од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупција и криминал Љупчо Николоски.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, пак, извршил 132 надзори, врз основа на кои изрекол 20 решенија. При тоа, во посочениот период ДСЗИ издаде вкупно 4.414 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација.

„Во последните седум дена Инспекторат за транспорт изврши 51 надзори, при што издадени се шест прекршочни пријави, три решенија и еден платен налог за непочитување на материјалните закони. Во однос на  Законот за заштита на населението од заразни болести, не се констатирани прекршувања“, посочуват од кабинетот на Николоски.

Државниот инспекторат за труд,  изврши 415 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, за контрола на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места, како и на материјалните закони по кои постапува овој инспекторат. Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во периодот од 8-ми до 14-ти февруари, спроведе 15 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности. Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 305 надзори, при што издадени се 13 решенија,  3 платни налози и 25 едукации, по основ на констатирани недостатоци како, небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи,неводење на записи за ДПП/ДХП,неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на  производи ,неправилно означување на производите

Како што стои во соопштението, Државниот инспекторат за животна средина, во истиот период  изврши вкупно 61 надзор.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе