МВР информира

За пожарот во ОХИС кривична пријава за кавадарчанец

Против 35-годишно лице од Кавадарци ќе биде поднесена кривична пријава како одговорен за предизвикување на пожар во кругот на фабриката ОХИС во Скопје. По извршените разговори со повеќе лица, утврдено било дека пожарот е предизвикан од заварување на метална ограда.

„Во врска со пожарот за кој на 05.08.2021 околу 16.30 часот беше пријавено дека настана во кругот на фабрика на ул.'Борис Трајковски'“ во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, по ивршениот увид, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица беа повикани повеќе лица. По преземените активности е утврдено дека С.А.(35) од Кавадарци, околу 16.00 часот, додека вршел заварување на ограда во кругот на фабриката, предизвикал пожар“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност", казниво по член 288 од Кривичниот законик. информира МВР.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе