Средба на првите луѓе на МВР и Царината

За нерегистрираните автомобили увезени со попуст ќе се доплаќа за царина

Возилата кои биле увезени од странство со 50 проценти попуст на царинските давачки, а кои нивните сопственици не ги регистрирале до 21 јуни годинава, ќе мора да поднесат барање за да ги доплатат царинските давачки, што е услов да можат да извршат регистрација на возилото. За овој момент од интерес на граѓаните, меѓу другото денеска разговарале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

„На средбата се разговараше за условите при увоз на возила од странство, каде законската повластица за 50% царински давачки е завршена на 21.06.2021, а секое возило кое претходно е увезено и за кое е платена царина, доколку не е регистрирано во тој рок треба да се поднесе барање за доплата на царинските давачки за да може да се регистрира возилото“, пишува во денешното соопштение.

Инаку, законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички на територијата на Македонија, кој беше донесен кон крајот на минатата година, предвиде дека рокот за регистрација, со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на возилото, е шест месеци, со други зборови најдоцна до 21 јуни годинава.

„Почнувајќи од 22 јуни 2021 година од 00:01 часот, Царинската управа ќе ја прекине постапката F66 со која увозните давачки се пресметуваа во намален износ за 50% согласно одредбите од членот 4 став 1 од Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички на територијата на Република Северна Македонија. Оттука ги информираме сите заинтересирани корисници на возилата со странски регистерски таблички благовремено да ја започнат и завршат постапката за увоз на овие возила, да ги платат увозните давачки со цел навремено да ја започнат постапката за регистрација на возилата која завршува на 21 јуни 2021 година“, извести тогаш Царинската управа преку соопштение за медиумите и на својата интеернет страница.

Cудејќи според соопштението од денешната средба, голем број на граѓани кои увезле возило, или возат возила со странски таблички, а не ги регистрирале во МВР, бараат рокот за попуст да им биде продолжен.

Во соопштението од средбата на првите луѓе на МВР и Царината се вели и дека била потенцирана потребата за измени кои треба да се направат во Законот за Царинска управа, со цел ефикасно работење на новиот Сектор за посебни истражни мерки, при што Царината побарала поддршка од МВР при имплементација на новините и воопшто во целокупното работење на овој сектор што ќе биде тесно поврзан со работењето на МВР.

„Министерот Спасовски побара од Царинската управа да се зголеми бројот на царински службеници на граничните премини особено кога има поголема фреквенција, како и интензивирање на соработката меѓу полициските и царинските службеници за подобра координација и споделување на информации, а со тоа и уште поуспешно сузбивање на корупцијата и криминалот преку заеднички акции. Спасовски ја потенцираше и потребата за обнова и реновирање на граничните премини и на царинските гранични објекти, со цел создавање подобри услови за работа, а со тоа и осовременување на македонските гранични премини, а меѓудругото се разговараше и за зајакнување на фукнционирањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце“, пишува во соопштението. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе