За ЈСП заврши летото, од утре зголемен број автобуси и нова линија за Радуша

Од утре јавниот превоз ќе функционира по делничен, зимски возен ред и во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци, инфирмира ЈСП Скопје. Жителите на Радуша ги информира за возниот ред на автобуската линија која од угре се воведува кон ова село.

Од ЈСП информираат дека од утре ќе почне да функционира нова линија, автобуси со број 111 на релацијата Сарај - Радуша.

„Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на последната постојка на автобусите со број 2, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село“, велат од ЈСП и информираат дека оваа линија во функција ќе биде од понеделник до петок, по следниов возен ред :

Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30,
Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.

„Во меѓувреме, ЈСП Скопје во соработка со Град Скопје, разгледува и други слични барања, со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани, особено оние населени во досега заборавените места“, додаваат од претпријатието.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе