ДЗС направи споредба на 2020 со 2019 година

За една година за 16 отсто се зголемил бројот на деца кои сториле кривични дела

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица, познати сторители на кривични дела во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 11.8 отсто.

Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 34.8 проценти, а бројот на обвинетите лица е зголемен за 29.7 отсто.

Зголемување на бројот на сторители на кривични дела и осудени има и кај малолетниците. Така, бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела, во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 16.2 проценти.

Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените деца во судир со законот, сторители на кривични дела е зголемен за 15.1 отсто, информираат од ДЗС

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе