По двете пријави од Финансиската полиција

За дивоградбите во Леуново поднесена трета кривична пријава

Трета кривична пријава е поднесена за дивоградбите во Леуново. МВР денес соопшти дека поднесена е кривична пријава против Ш.Р.(42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправна градба". Претходно, како што веќе објавивме Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт" ДООЕЛ увоз-извоз.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пртијава против Ш.Р.(42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправна градба". Во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021, на место сопственост на хотел во с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, Ш.Р., сопственик на фирма, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнал изградба на осум објекти – бунгалови од цврста градба", соопштија денес од МВР.

За претходно поднесените кривични пријави Финансиската полиција соопшти дека пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт" ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект „Радика Ресорт" ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење.

„И покрај извршениот инспекциски надзор и донесениот записник од страна на Одделението за инспекциски надзор при Општина Маврово и Ростуше за запирање на изградбата, пријавените преку правно лице ДТТУ "Радика Ресорт" ДООЕЛ увоз-извоз (инвеститор) продолжиле со градежните активности на бесправно изградени објекти, при што извеле изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика", соопштија од Управата за финансиска полиција.

На 10 октомври, в недела, жителите на Леуново, Никифорово, Врбен, Маврови Анови, Маврово и сопствениците на викендици околу Мавровското Езеро ќе протестираат против негрижата на Општина Маврово и Ростуше и Националниот парк да ги реши бројните проблеми со кои населението од овој регион се соочува. Протестот ќе се одржи на паркингот пред скијачкиот центар Маврово во 12 часот.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе