Сеќавање на трагичниот настан од 2012

9 години од петкратното убиство кај Смилковци: втора пресуда, тагата иста

Денес се навршуваат точно девет години од убиството кај Смилковско Езеро. За ова убиство беше донесена втора пресуда на повторено судење, со која на 23 февруари годинава беа изрече три доживотни казни затвор, од 15 години и од 9 години затвор. На 12 април 2012 во атарот на селото Смилковци близу Скопје беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски на возраст од 45 години, од село Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот, кога биле најдени телата на убиените.

Откако обвинителството поднесе обвинителен акт, во судница влегоа петмина обвинети за тероризам. На двајцата осомничени извршители на масакрот им се судеше во отсуство бидејќи се водат како недостапни за полицијата.

Мотивот за свирепото убиство што ја потресе целата македонска јавност, според обвинителката Гордана Гешковска, е предизвикување чувство на страв и несигурност кај граѓаните.

Во обвинението, кое во првостепената постапка го застапуваше Гешковска, се наведува дека Смилковско Езеро како место на злосторството е избрано поради тоа што обвинетиот Фејзи Азири бил концесионер на имотот близу до езерото, па нему му бил познат теренот. Фејзи Азири, Сејди Рами, Агим Исмаиловиќ и уште 3 непознати лица, како што се наведува во ОА, пред 12.4.2012 година го разгледувале теренот, односно регистрирале колку лица доаѓаат, од која националност се, на која возраст, кога доаѓаат и кога си одат од езерото.

Како што се наведува во обвинението, директни извршители на петкратниот масакр што се случи на Велики четврток се Алил Демири и браќата Исмаиловиќ, кои истовремено од пиштол и автоматски пушки на растојание до 1,5 метри во телата на младите момчиња Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Накевски и Филип Славковски испукале проектили што биле кобни за нив.

Понатаму во обвинението се додава дека на само 50 метри случајно се затекнал рибарот Борче Стефковски, обвинетите го забележале, во него пукале со 5 куршуми додека тој бегал кон своето возило.

Тројцата извршители, според обвинението, биле заедно со уште две непознати лица и со возило опел омега веднаш се дале во бегство, освен Агим Исмаиловиќ, кој избегал со друго возило и други две непознати лица. Обвинителството тврди дека обвинетиот Сејди Рами бил логистика на случувањата, односно што да се прави пред и по ликвидацијата и како најдобро тоа да се изведе.Во автомобилот „опел омега", кој беше најден неколку дена по убиството и со кој, според обвинението, се превезувале дел од обвинетите, биле пронајдени траги од ДНК на првообвинетиот Алил Демири, тврдеше обвинителството на едно од судските рочишта. Агим Исмаиловиќ, според обвинението, го зел ова возило од паркинг во Топанско Поле, додека обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по убиството, со истиот автомобил дошле на обиколницата кај Качанички пат, каде што ги чекал обвинетиот Хаки Азири, го оставиле „опелот" и се качиле во автомобилот на Азири.

На тркалата на автомобилот била најдена земја што се совпаѓа со земјиштето на Смилковско Езеро, но според Рауфи и ова не е релевантен доказ бидејќи таков вид земјиште имало на огромна површина.

Основниот суд Скопје 1 на 30 јуни 2014, една и пол година по почетокот на судскиот процес, ги прогласи за виновни и ги осуди на доживотна казна затвор обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

Единствено обвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда бидејќи судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот. На доживотните затворски казни жалби до повисокиот суд поднесоа осудените, а Апелацискиот суд Скопје ги потврди доживотните затворски казни.

Но, Врховниот суд одлучи да го укине предметот и случајот беше вратен на повторено судење. Во оваа постапка обвинителниот акт го застапуваа обвинителите, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. 

Одлуката на судот е три доживотни казни затвор, една во траење од 15 и една од 9 години.

Во меѓувреме по пресудата еден од осудените на доживотен затвор во процесот, е упасен на 2 април во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа.

Скопје побара од Приштина екстрадиција на Африм Исмаиловиќ кого долги години се водеше како недостапен на органите на прогонот. 

По втората изречена првостепена пресуда на повторениот судски процес, се случија неколку протести организирани од роднини на неправосилно осудените.

Првиот протест заврши и со повредени полицајци и новинари и приведени демонстранти.

К.Д.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе