Втор Апицентар отворен во Кичево

За неполни три месеци во Кичево е отворен и втор Апицентар. Сопственик е познатиот пчелар од  градот, Зоран Грозданоски кој својата едукација од областа на пчеларството настојува да ја хуманизира. Во Апицентарот ќе се користат исклучиво природни материјали создадени во неговиот пчеларник.

„Познавајќи ги приликите во Словенија каде овој вид третирање на одредени болести уште пред две децении зеде голем замав, дојдов до заклучок дека она што можеле Словенците зошто не би можело да се имплементира и на нашите простори. Апицентарот почна со работа пред една седмица и очекувам благодетите од неговата работа да ги почувстсвуваат жителите од градот и пошироко. Пареите што ги вдишуваат граѓаните кои доаѓаат во Апицентарот помагаат во лечењето на многу болести, почнувајќи од белодробни заболувања, синуси, бронхити, алергии, кардиоваскуларни заболувања, а помагаат и во третирањето на стресот“, вели Грозданоски.

Во Апицентарот истовремено може да се сместат три лица.

Секоја инхалација може да трае најдолго 20 минути и по пауза од исто толку минути, треба да се продолжи со уште една. За да биде видлив ефектот потребни се повеќе од седум третмани, а домаќините на корисниците им даваат и бонус инхалации, ако се нивни редовни корисници.

Според Грозданоски, температурата на пареите што ги вдишуваат корисниците на Апицентарот е со константни 36 степени, додека услугите на Апицентарот заинтересираните можат да ги добијат во потоплиот период од годината, почнувајќи од 15 април до 15 септември. Хигиената е загаранирана и сите корисници се безбедни и заштитени од пренос на други болести.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе