Време

Врнежливо со температури до 13 степени, снег по планините

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи дожд, а на планините на северозапад ќе врне снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 6 до 13 Целзиусови степени.

Според УХМР, поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови.

Во Скопје ќе биде облачно, со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени. Маврово 4, Охрид, Битола и Крива Паланка 10, Берово 9, Кавадарци 11, Дојран 13.

Од утре и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и во Маврово. Поради појава на магла видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар е намалена до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе