Во Скопје дневната температура ќе достигне до 11-от степен, Маврово 1, Охрид 7, Битола 9, Крива Паланка 7, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 14 Целзиусови степени.
Под влијание на нов влажен бран во сабота преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка.