По многу студеното утро, денеска во Скопје,се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
Во понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок.