Времето денеска

Времето могу студено, утрово со минусни температури секаде

Утрово температурата насекаде низ земјава се спуштени под нулата, од минус 12 до минус четири. Времето денеска се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито, а максималната температура ќе се искачи на места само до -4, а во југоистокот од земјата можно е до плус 4 степени.  Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста повремено ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура до -9, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови. Кон крајот на работната седмица температурата благо ќе се зголеми

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе