Прогноза

Времето дождливо, попладне можни се и грмежи

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. До понеделник на места врнежите ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денес и во понеделник.

Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе