Денеска се очекува времето да биде претежно облачно со слаб ветер од јужен правец. Облачно време без некои поголеми промени во текот на денот се очекува и во Скопје. Температурата утрово се движи од -1 степен во Маврово и 0 степени во Берово, до 7 степени во Дојран и на југоистокот од земјава. Во текот на денот максималните температури ќе се движат од 6 во мавровскиот крај, 10 во скопскиот регион, до 11 степени на југоистокот од земјава.
Утре постои можност и за повремен дожд во текот на денот, но без поголеми температурни промени. Утринските температури секаде ќе бидат над нула степени, а максималните ќе се движат од 6 до 12 степени.
Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството.
Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.
Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?