Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови процесите да бидат и поинтензивни. Максмалната температура ќе достигне до 27 степени.
Времето утре претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Од почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.