МНР

Вратени уште 180 македонски граѓани со лет од Берлин и Бон

Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон.

Со ова, бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денеска, изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

„На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови“, стои во соопштението на МНР.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

МНР во соопштението додава дека продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе