Со лажни документи го убедувале дека фирма на негов роднина е вмешана во криминал

Вработен во АНБ и полицаец од СВР Скопје завршија во притвор за измама

Вработен во Агенцијата за национална безбедност и вработен во СВР Скопје со лажни податоци довеле во заблуда граѓанин, презентирајќи му лажни документи дека наводно фирма на член од семејството е вмешана во незаконско работење и продажба на ПЦР тестови за ковид-19. Двајцата осомничени овие дејствија ги презеле за незоконски да заработат пари и преку измама да му наплатат на оштетениот. Но, наместо тоа тие се најдоа во обвинение за измама и завршија во притвор.

Од ОЈО Скопје информираат дека Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – измама.

„Со цел за себе да прибават противправна имотна корист, обвинетите соизвршители на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална безбедност, а другиот бил униформиран полициски службеник во СВР Скопје, довеле во заблуда едно лице на кое лажно му прикажале факти за својот идентитет“, информираат од Јавното обвинителство.

Вработениот во АНБ и полицискиот службеник од СВР Скопје на 7 декември  стапиле во контакт со оштетениот, му се претставиле со лажни имиња и му прикажале лажни факти според кои против семејната фирма од Куманово во сопственост на член на семејството на оштетениот се води постапка од Одделението Интерпол при МВР Скопје.

За да го убедат, тие му презентирале и електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР тестови за Ковид-19 и други незаконитости во работењето на фирмата.

Оштетениот, како што велат од Обвинителството, го одржале во заблуда така што еден од обвинетите, при остварена средба, прикажал оригинална полициска легитимација со логото на МВР.

Другиот обвинет, пак презентирал лажен факт дека во Одделението за Интерпол во МВР Скопје наводно работат неговата сопруга и неговиот братучед. Обвинетите побарале пари од оштетениот за да се затвори наводниот предмет против правното лице.

На договорена и остварена средба на 8 декември во ресторан во Визбегово, оштетениот на еден од обвинетите му исплатил 600 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај обвинетиот.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, ценејќи дека и натаму постои опасност тие да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе