ПМ-честичките достигнуваат максимални вредности

Воздухот загаден - магливата есен ги врати старите проблеми

Мобилната апликација AirCare која ја мери загаденоста на воздухот и во текот на ноќта покажа високи вредности, не само во Скопје туку и во други градови, и тоа по сите параметри, особено според нивото на ПМ честичките.

Најчесто спомнуваните ПМ честитки, кои се канцерогени и кои, според новите научни истражувања можат и вирусот ковид-19 подолго да го задржат во воздухот, а со тоа и да ја шират болеста, речиси на сите мерни станици го достигнаа нивото на опасност по здравјето.

Препораките во случаите кога е покачено нивото на ПМ-честичките е да се затворат прозорците и да не се излегува надвор. Препораките во однос на ковид-19 пак, се почесто проветрување на домовите. Едното со другото се исклучуваат.

Малку пред полноќ, мобилната апликација покажа дека повторно рекордер според загаденоста е скопската населба Ново Лисиче со вредност од 280 микрограми на метар кубен, а блиску до овие вредности беше Кавадарци со 246 микрограми, потоа Куманово со 220, Струмица - 210, скопската населба 11 Октомври - 217, Маџир Маало со 187, опасна загаденост имаше и во Центар, Ѓорче Петров, Карпош...

Вчера министерот за животна средина Нуредини го кажа тоа што и многумина негови претходници го кажале во однос на причините за загаденоста на воздухот – неповолни временски услови (магла и отсуство на ветар), греење на домовите со дрва, јаглен и други состојки, застарен возен парк... Но, има и други загадувачи, стопаснки и нестпопански.

Работа и одговорност на надлежните институции и нивни раководни лица е во ова време, кога се очекува раст на заболените од ковид-19, како и од сезонскиот грип, но и на болести чиј предизвикувач е самиот загаден воздух, повеќе да бидат присутни на терен и да ги откриваат загадувачите на воздухот. И, секако, да преземат конкретни мерки. Политичките изјави не се мерки.

П.Џ.


 

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе