Европската комисија предупредува:

Воздухот во Македонија е сериозно загаден

Во извештајот за загадувањето на воздухот во земјите од западниот Балкан на Европската комисија се констатира дека состојбата не е задоволителна и дека здравјето на граѓаните во Македонија е сериозно загрозено.

„Здравјето на жителите на Северна Македонија и останатите земји од регионот и натаму е сериозно загрозено, покажуваат последните бројки на извештајот на Европската агенција за животна средина за 2018 година, што резултира во висока стапка на прерана смрт, пред сѐ поради високата концентрација на ПМ2,5 честички во воздухот, се наведѕува во извештајот", информира МИА од Брисел.

Ако највисоката стапка во апсолутни бројки е во Германија, Италија, Полска и Франција поради обемното население, во релативни бројки, ефектот е најнегативен на Балканот.

„Кога се гледаат изгубените животни години во релативна смисла, најсилен импакт има во централна и источна Европа каде се измерени највисоките концентрации на ПМ2,5 честички, односно Косово, Србија, Албанија, Бугарија и Северна Македонија", се нагласува извештајот.

Европскиот комесар за животна средина Вириниус Синкевичиус порача дека Европската комисија им стои на располагање на земјите од регионот за помош, посебно преку Зелениот договор за западниот Балкан.

„Главната причина е греењето на домаќинствата, повторно не гледаме драматично подобрување кое е потребно за здравјето на граѓаните. Комисијата е подготвена да соработува со регионот, подготвивме Зелен договор за регионот и оптимисти сме дека можеме да постигнеме опипливи и видливи резултати", изјави Синкевичиус за дописникот на МИА од Брисел.

Извршниот директор на Европската агенција за животна средина, Ханс Брејнинкс, подетално се осврна на коренот на проблемот за регионот.
„Работиме со шесте земји од Западниот Балкан под претпристапниот инструмент за зајакнување на мониторингот, за да имаме правилни податоци и со тоа да помогнеме за креирање политики таму", рече Брејнинкс.

Според него, еден од главните проблеми е употребата на цврсти горива. Пред сѐ употребата на цврсти горива, употребата на јаглен во индустријата, енергетскиот сектор и горењето на дрво во домаќинствата, вели Брејниникс, но и фактот што во регионот возилата што се користат се стари и повеќе загадуваат.

„Општата проценка е дека регионот сѐ уште треба да го постигне нивото на технолошки развој и подобрувања", заклучи директорот на Агенцијата за животна средина.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе