Основен суд Струмица

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска доби 15 месеци затвор

Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18), од Струмица кој ја прегази 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново, на казна затвор во траење од 15 месеци. Семејството Белчовски во моменти на тага, направи голем хуман гест, ги донираше органите на Верица, со што беа спасени неколку животи.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова" во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан" удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи и ја подобрија здравствената состојба на уште неколку лица.

За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата за средби со граѓани на премиерот Зоран Заев во Струмица

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе