По вчерашната трагедија во која загина девојка од Радовиш

Возачот кој што ја прегази Викторија кај Сити мол е приведен, нејзиното момче нема сериозни повреди, но е во шок

Возачот кој синоќа прегази девојка кај Сити мол во Скопје е приведен во полициска станица, од него се земени крв и урина за да се утврди присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Момчето на починатата девојка кое вчера беше сведок на страшната случка, е добро и нема посериозни повреди, но е во шок од глетката за време на сообраќајката. 

Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш. Според првичните неофицијални информации, возачот кој што ја прегази девојката претекнувал друг автомобил.

Момчето на загинатата Викторија. Н., 24-годишниот Л.Д., нема сериозни телесни повреди и по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување.

„За среќа, тој не се здобил со тешки телесни повреди. Единствено имал набиеница во делот кај карлицата. Медицинскиот персонал целосно се погрижи за сите испитувања. Направена му е лабораторија, рентгенски прегледи по што е констатирано дека нема потреба да биде хоспитализиран. Пуштен е на домашно лекување со совет денеска да се јави на контрола“, изјави за Фактор директорот на „Св. Наум Охридски" д-р Љубен Арсенков за дел од медиумите.

Тој додава дека момчето било во страшен шок, зашто целата страшна глетка се случила пред негови очи.

„Момчето било премногу вознемирено. Една страшна сцена се случила на само еден чекор пред него, поради што му е дадена терапија за смирување “, дополнил д-р Арсенков.

Актерот Жарко Димоски на својот фејсбук-профил вчера изрази сочувство за смртта на девојката која загина откако во неа удри автомобил кај Сити мол во Скопје. Тој вели дека случајно бил сведок на трагедијата и дека момче констатирало смрт кај девојката. Таа загина на самото место, а момчето е повредено и пренесено во болница. Улиците низ главниот град Димоски ги нарече минско поле.

„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот! Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме!", напиша Димоски.

Во девојката, која поминувала на пешачки премин кај Сити мол, удрило возило управувано од 22-годишен возач, потврдија од МВР. Еден маж е повреден и е однесен во болница.

Во неа удрило патничко возило „ситроен", управувано од Ј.Ѓ. (22), потврдија од МВР.

Денеска „во 19.44 часот пријавено е дека на улица Московска со булевар Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило 'ситроен' управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8 Септември и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на самото место. Се врши првичен увид", соопшти МВР.

Фото: 360 Степени

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе