Воспоставен e контакт со исчезнатиот Александар Черговски

Воспоставен e контакт со исчезнатиот 39-годишен беровчанец Александар Черговски за кого во изминатиот период имаше интензивна потрага за негово пронаѓање, соопшти неговиот внук Кирил Черговски кој им се заблагодари на сите кои масовно ги споделуваа објавите за исчезнатиот Александар.

„Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош на вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт, ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва. Господ е голем, ви благодарам уште еднаш, се вели во објавата на Фејсбук на внукот Кирил Черговски.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе