Водостојот на Вардар е понизок од просечниот

Водостојот на реката Вардар е понизок од просечниот за февруари, а на три од четирите мерни места е намален во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Понизок од долгогодишниот просек за овој месец е и водостојот на останатите реки во земјава со исклучок на Црн Дрим на мерното место кај Ложани каде е речиси двојно повисок од просечниот и Пчиња кај Катлановска Бања каде е скоро ист со просекот.

Нивото на Дојранското Езеро е за повеќе од три метри над просекот за овој месец, кај Преспанското е речиси исто со просекот, додека кај Охридското Езеро е пониско за 12 сантиметри.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе