По последните врнежи

Водостојот на Охридското Езеро е во пораст, но сѐ уште недоволно

Според денешните мерења, водостојот на Охридското Езеро се наоѓа на 693.30 метри надоморска височина, што е на 20 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри, односно осум сантиметри под просекот за месец јануари.

Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.30 метри надоморска височина, што е на 20 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри, односно осум сантиметри под просекот за месец јануари.

Температурата на езерската вода измерена утрово е шест степени Целзиусови или еден степен под месечниот просек.

Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред сѐ од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе