Верски празник

Водици за прв пат треба да помине без положување на крстот

Годинава за првпат, поради пандемијата со ковид-19, ќе биде прекината вековната традиција на положување на крстот во светите води.

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Годинава за првпат, поради пандемијата со ковид-19, ќе биде прекината вековната традиција на положување на крстот во светите води. Наместо тоа, овој голем христијански празник, според најавите, ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера апелираше до граѓаните и до верските заедници да ги почитуваат мерките и препораките. Полицијата, како што рече, ќе биде на висина на задачата, а оној кој нема да ги почитува препораките, ќе сноси одговорност.

До минатата година, празникот се одбележуваше во сите епархии во земјава, а централната манифестација се одржуваше во Скопје каде поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан го положуваше светиот крст во водите на реката Вардар.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе