Во земјава секој трет стан е празен, а градоначалниците не застануваат со потписите на дозволите за нови градби

За првите пет месеци од мандатот од скопските градоначалници најголем број дозволи за градби потпишал градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски – 112 за 382 стана. Шампион во претходниот мандат (од ноември 2017 до август 2021) беше  Златко Марин, градоначалникот на Аеродром со изградени 4.739 стана на 257,341 м2, објави здружението О2 иницијатива.

Државниот завод за статистика пред неколку дена објави дека во Скопје има 59.300 празни станови, а во цела Македонија 307.000 или секој трет стан во државата е празен.

Од лани во ноември до март годинава новите градоначалници на скопските општини потпишале вкупно 355 дозволи за градби, со вкупно 1.989 станови. Нивните претходници пак, последниот месец пред да ја напуштат функцијата, лани во октомври, потпишале 275 дозволи за градби со 1.738 стана. Најмногу дозволи за градба во тој еден месец потпишал тогашниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, дури 160 со 1.268 стана. Тоа значи дека Наумовски за 20 работни дена во октомври 2021 година дневно потпишувал по осум дозволи. Во неговата општина во тој момент имало над 4.400 празни станови, покажува истражувањето на О2 иницијатива.

За првите пет месеци, по Јакимовски, втор на листата со најголем број на потпишани дозволи за градба од скопските градоначалници е Тимчо Муцунски, градоначалникот на Аеродром со потпишани 50 дозволи, но двојно повеќе станови од оние што ќе се изградат во Карпош. Аеродром ќе добие нови 792 стана.

Карпош и Аеродром заедно имаат вкупно 18.500 ненаселени стана, покажуваат резултатите од последниот попис.

Во Гази Баба ќе се градат нови 230 станови, по потпишаните 62 одобренија за градба од страна на градоначалникот Бобан Стефковски. Во Центар се издадени 32 дозволи потпишани од градоначалникот Горан Герасимовски со нови 116 стана. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, потпишал 18 одобренија за градење, со 140 станови. Во Сарај ќе се градат нови 148 стана, во Кисела Вода се потпишани 15 одобренија, а само една дозвола за градба (56 стана) овие пет месеци била потпишана од градоначалникот на Шуто Оризари.

Лани во последниот месец од својот мандат освен рекордните 160 во Ѓорче Петров, во општина Центар биле издадени 31 одобрение за изградба на вкупно 131 стан. Во Аеродром 16 со 118 стана, во Карпош 27. Во последниот месец од мандатот одобренија за градби не издале тогашните градоначалници на Кисела Вода и Шуто Оризари.

Инаку статистиката покажува дека лани во целата држава се издадени 4.069 одобренија за градење, што е двојно повеќе од 2020, една година претходно. Тогаш биле издадени 2.837 дозволи, од кои 2.440 се за високоградби.

Лани до август 2021 година на второ место според бројот на иоздадени дозволи, после Златко Марин е Борис Георгиевски, поранешниот градоначалник на Гази Баба со одобренија за изградба на 3.105 стана или 201.603 м2. Следува Саша Богдановиќ, тогашниот градоначалник на Центар со 2.150 стана на вкупна површина од  155.054 м2.

Борис Георгиевски е шампион по број на станови за еден месец - во август лани издал 25 одобренија за градење за 1.285 стана со 79.279 м2.

Во овој период на територија на град Скопје издадени се 2.354 одобренија за градење, за 14.451 стана со вкупно површина од 950.814 м2.

На ваквото урбано дивеење кое трае веќе подолго време мора да му се стави крај, велат од О2 иницијатива.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе